Утрински Весник
Скопје

Трајановски: Средношколците ќе добијат бесплатен и безбеден превоз – Скопје мора да биде град на решенија, не на изговори

Aleksandar trajanovski.png

Средношколците на Скопје ќе добијат безбеден, бесплатен и организиран автобуски превоз од врата до училиште. Ова е една од клучните мерки што кандидатот за градоначалник на Град Скопје од коалицијата „Искуство за успех“, Александар Трајановски, ја најави како дел од својата програма „15 клучни проблеми и решенија на Скопје“.

„Скопје мора да биде град што функционира, со чист воздух, уреден јавен транспорт, сигурна инфраструктура и културен живот достапен за сите. Најважно е граѓаните да почувствуваат дека градот работи за нив, а не обратно“, вели Трајановски.


Трајановски исто така нагласи дека токму младите се огледалото на градот и дека Град Скопје мора да обезбеди услови кои ќе им овозможат безбедност, пристап и развој. „Не можеме да зборуваме за европски стандарди, ако учениците немаат безбеден превоз до училиштето. Тие се нашата иднина, а обврска на градот е да им го олесни секојдневието“, изјави Трајановски.

Освен организиран автобуски превоз, Трајановски во програмата предвидува и низа мерки насочени кон подобрување на квалитетот на животот на средношколците:

  • формирање на средношколски спортски лиги
  • поставување на автомати за рециклирање во училиштата со можност за кеш-бек
  • пристап до културни настани по симболична цена
  • организирани здравствени и ехо прегледи преку јавните здравствени домови
  • бесплатни обуки за самоодбрана
  • обезбедување средства за менструална хигиена во сите училишта
  • работилници за комуникација меѓу родители и тинејџери
  • телефонска линија за пријавување насилничко однесување кон ученици

Во програмата „15 клучни проблеми и решенија на Скопје“ се опфатени и други приоритети како решавање на проблемот со водоснабдувањето, чистиот воздух, уличните кучиња, ГТЦ како нов дом на Градот, производството на пелети од страна на „ЈП Паркови и Зеленило“ за еколошко греење, и дузина други квалитетни решенија.

„Скопје треба да биде град на решенија, не на изговори“, заврши Трајановски

Можете да прочитате

Неколку скопски населби денеска без струја

Кисела Вода започнува акција за отстранување на хаварисани возила

Во Скопската Зоолошка градина одбележан Светскиот ден на лицата со Даунов синдром