Утрински Весник
Скопје

Трајановски: Имаме конкретни приоритети за Лисиче, визија за похуман и безбеден Аеродром

Img 1837.jpeg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Имаме конкретни приоритети за Лисиче, визија за похуман и безбеден Аеродром

Како кандидат за градоначалник на Општина Аеродром, јасно и конкретно ги претставувам моите приоритети за урбаните заедници Населба Лисиче, Горно Лисиче и Долно Лисиче – за подобар, похуман и побезбеден живот на сите жители.


Во Населба Лисиче, ќе се заложам за ревизија на Деталниот урбанистички план (ДУП) кој во сегашната форма не е во согласност со хуманото живеење, со бришење на висококатниците кои ја нарушуваат рамнотежата и инфраструктурниот капацитет на населбата. Ќе спроведеме целосна реконструкција на објектот „Пчелка 1″ – градинка „Буба Мара”, како и хортикултурно уредување на неискористените простори. Посебен фокус ќе ставиме на грижата за зеленилото, урбаната опрема, хигиената и безбедноста на граѓаните, како и субвенции за еколошки системи за затоплување на домовите – во насока на почиста и поздрава животна средина.

Во Горно Лисиче, на потегот ул. Тодор Чангов – Ѓорѓи Капчев, ќе изработиме нов ДУП кој ќе овозможи уреден и одржлив развој, со реконструкција на споредните улици и поставување на атмосферска канализација. Ќе спроведеме реновирање на детските реквизити во ООУ „Гоце Делчев” и ќе обезбедиме ефикасно решение за дивите депонии со засилена работа на комуналната полиција.

Во делот Горно – Долно Лисиче, ќе изградиме велосипедска патека, ќе го прошириме и осветлиме патот кој ги поврзува двете населби, како и ќе обезбедиме редовно празнење на контејнерите и куќните канти. Ќе поставиме јавни чешми за вода и канти за отпадоци, ќе се изврши реконструкција на споредните улици и темелно чистење на шутот и дивите депонии, особено околу црквата и мостот на реката Вардар.

Овие мерки се дел од мојата визија за почиста, побезбедна и похумана Општина Аеродром, каде секој дел од општината ќе добие рамноправен третман и реални решенија за проблемите на граѓаните.

Можете да прочитате

Минатата недела во Центар санкционирани 123 непрописно паркирани возила

Општина Аеродром со нова алатка за директна оцена на нејзината работа од граѓаните

Хуманитарен настан во МКЦ по повод 15 години Национална мрежа против насилство врз жени