Утрински Весник
Македонија

Трајановски и Чен Чен го потпишаа Анексот број 8 од Договорот за изградба на автопатот Кичево – Охрид

20260312150809 big 730x400 36.webp.webp

По потпишувањето на Анексот број 8 на Договорот за изградба на автопатот Кичево – Охрид од страна на заменик претседателот на Владата задолжен за политички систем, Љупчо Димовски и од вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, потпис ставија и директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Коце Трајановски и генералниот претставник на Синохидро во нашата држава, Чен Чен, соопштија попладнево од Јавното претпријатие.

– Со Анексот број 8 од Договорот треба да се овозможи дозвршување на градежните работи на автопатот во изградба, при што се предвидуваат дополнителни 186 милиони евра и краен рок за завршување 31 мај 2027 година.


Ова е потребно заради непредвидени и дополнителни нови градежни работи што се нужни и неопходни за целосно и квалитено завршување на проектот и на активности поврзани со санација на 14 свлечишта и обезбедување на глобална стабилност, еластична одбојна ограда со примена на EN 1317 – стандард, изградба на контролен центар, дополнителните работи за изградба на паралелни патишта, се наведува во објавата на Јавното претпријатие на Фејсбук.

Како што се додава, со ова се надминати проектните предизвици со косините и свлечиштата и може да се продолжи поинтензивно со градежните активности.

– Инаку, во изминатиот период, посебно во минатата година, со силна поддршка на Владата се забрза напредокот на проектот, па така на 13 јули, 7 септември и 31 декември 2025 година, предвремено се овозможи пуштање во сообраќај на 13,5 километри, 12,34 километри и 2,12 километри од првите делови од главната траса на потегот од Врбјани до Ботун, како и Климештани – Охрид, со вкупна должина на двата коловоза од 27,96 километри.

Исто така, беа изградени и дел од пристапните патишта за околните села, при што се постигнаа значајни резултати во текот на различните фази на изградбата.

Можете да прочитате

Андоновски одржа средба со АВМУ и претставници на инфлуенсерите

Поради извршна постапка попречена продажбата на аудито на Општина Струга 

Мајка пријавена дека физички нападнала соученичка на нејзината 13-годишна ќерка