Утрински Весник
Скопје

Трајановски: Целосна дигитализација на услугите што ги нуди општината за поголема ефикасност во работењето

Img 1839.jpeg
Dik 300x250 mk

Како кандидат за градоначалник на Општина Аеродром, моја цел е да воспоставиме вистинска транспарентност и отчетност во трошењето на народните пари. Граѓаните имаат право да знаат каде оди секој денар и како се носат одлуките што директно влијаат врз нивниот живот.

Ќе воведам јавен увид во сите буџетски трошоци, како и отворени денови со градоначалникот и со членовите на Советот, каде што секој граѓанин ќе може лично да постави прашање, да даде предлог или да иницира расправа за прашања од јавен интерес.


Во исто време, ќе овозможиме дигитални алатки за вклучување на граѓаните – платформа преку која секој ќе може да поднесе предлог, да пријави проблем или да добие одговор на своето прашање.

Мој приоритет ќе биде целосна дигитализација на услугите што ги нуди општината, со поедноставени процедури, пократко време на чекање и поголема ефикасност во работењето.

Јавно ветувам нула толеранција кон корупцијата во локалната самоуправа. Секој денар ќе биде потрошен транспарентно, законски и исклучиво во интерес на граѓаните на Аеродром.

За Општина Аеродром што работи чесно, транспарентно и во служба на граѓаните!

Можете да прочитате

Ивановска: Нема да ги повикувам граѓаните да гласаат за еден или друг кандидат

Парада за најмладите по повод роденденската прослава на Diamond Mall

Герасимовски заедно со граѓаните, младите и хигиеничарите го чистеа Центар