Утрински Весник
Скопје

Трајановски: Аки Рахимовски ќе добие своја сцена во срцето на Скопје

Image 2025 10 12 144916117.png
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Кандидатот за градоначалник Александар Трајановски најави дека летната сцена во Градскиот парк ќе го добие името „Аки Рахимовски Стејџ“, во чест на легендарниот пејач на групата „Парни Ваљак“. Со ова ветување, Трајановски најави симболично враќање на духот на градот што отсекогаш живеел преку своите музичари, фестивали и уметници.

„Аки Рахимовски остави неизбришлива трага во музичката историја на регионот, а неговиот дух е длабоко поврзан со Скопје. Време е градот да му оддаде трајна почит – со сцена што ќе живее преку новите генерации музичари и уметници,“ изјави Трајановски.


Во неговата програма предвидува враќање на Скопскиот фестивал, кој со децении беше симбол на македонската музичка традиција и новите уметнички струи. Фестивалот, како што објаснува Трајановски, повторно ќе ја обедини домашната сцена и ќе ѝ даде простор на младата генерација автори, изведувачи и композитори.

Истовремено, во план е и формирање на Градски театар, кој ќе биде современ културен простор за драмски и сценски претстави, како и создавање на прв Ромски театар во земјата – институција што ќе ја негува и промовира ромската култура, јазик и традиција.

Посебен дел од оваа иницијатива е посветен на Есма Реџепова, преку подигнување на споменик и организирање годишен концерт на ансамбли и оркестри во нејзина чест. „Скопје мора повторно да биде град што создава и инспирира. Градот на сцените, музиката, гласовите и луѓето кои го прават уникатен,“ нагласи Трајановски.

Со овие проекти, Скопје ќе го врати својот културен сјај и ќе ја потврди позицијата на град што ја вреднува уметноста, се сеќава на своите легенди и создава нови генерации што ќе ја продолжат таа приказна.

Можете да прочитате

Без струја викендов делови од општините Бутел и Чаир

Град Скопје започна акција за расчистување на бесправно изградените и узурпирани објекти

Град Скопје со мерки и препораки до граѓаните за заштита на амбиенталниот воздух