Утрински Весник
Македонија

Трајан Ангелоски панелист на отварањето на Берлински економски форум 2025

Angeloski Bef.jpg

Берлински економски форум 2025 година “Меѓународен бизнис, одржливи инвестиции и еколошки проекти за унапредување на глобалниот развој, демократијата и мирот” (од 3-ти – 6 март 2025 година – www.berlineconomicforum.org).

Берлинската иницијатива “За дипломатско решение на израелско-палестинскиот конфликт” ќе биде лансирана во рамките на Берлинскиот економски форум 2025 година (Почеток од 3-6 март 2025 година – www.berlininitiative.org)


Берлинскиот економски форум има за цел да ги анализира и истражува националните економски политики и нивните апликации со посебен фокус на одржливиот бизнис, одговорните странски инвестиции и одржливоста на животната средина.
Говорници за време на форумот се водечки политичари, високи дипломати, високи академици и економисти, шефови на корпорации, претприемачи и новинари.

На првата панел дискусијата за Берлинската иницијатива ќе учествува Трајан Ангелоски претседател на Сојуз стопански комори на Македонија, заедно со Иван Иванов претседател на Одборот Меѓународен центар Алијанса на цивилизации и Ѓорѓе Иванов претседател на Северна Македонија (2009-2019)

Визијата на форумот е да донесе интердисциплинарна група претставници од јавниот и приватниот сектор се со цел да се иницираат и развијат програми и проекти кои ќе поддржат одржлив економски раст, демократија и мир.

Можете да прочитате

Собранието донесе неколку измени на закони, вкучително и на оние за медиуми и минимална плата

Ленче Нелоска именувана за нов директор на Геронтолошкиот завод во Скопје

ЦУК: Гори градската депонија во Демир Хисар, засега пожарот е под контрола