Утрински Весник
Спорт

Тотенхем сака да го врати Лука Модриќ во Лондон

Тотенхем сака да го врати Лука Модриќ во Лондон

Играчот од средниот ред на Реал Мадрид, Лука Модриќ, би можел да му се врати на поранешниот клуб Тотенхем по истекот на договор со шпанскиот гигант. Според „Ел Насионал“, Хрватот одбил две понуди од МЛС лигата, но е подготвен сериозно да ја разгледа опцијата за враќање во Северен Лондон.

dobivaj vesti na viber

37-годишниот Модриќ има договор со Реал Мадрид до лето и сигурно ќе добие понуда да го продолжи за уште една сезона. Сепак, не е исклучено да избере да се пресели во Тотенхем, каде имаше успешен период меѓу 2008 и 2012 година.

Во тековната сезона искусниот играч за врска има 14 натпревари и три гола за „кралевите“ во сите натпреварувања. Неговата статистика како играч на Тотенхем вклучува 160 натпревари и 17 постигнати голови.

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина