Англискиот премиерлигаш Тотенхем е во интензивна потрага по нов менаџер за следната сезона, откако кормилото го напушти Антонио Конте, а по него на клупата седнаа Кристијан Стелини и Рајан Мејсон.
Раководството на лондонскиот клуб го посакува Јулијан Нагелсман, поранешниот тренер на Баерн Минхен, за ново долгорочно решение, но, сепак, бара и други опции.
Една од нив е Чаби Алонсо, тренерот на бундеслигашот Баер Леверкузен. Шпанецот го препороди Баер Леверкузен, а тимот по неговото пристигнување направи одлична серија резултати.
Тотенхем до крајот на оваа сезона треба да реши кој ќе го води тимот на стартот на новиот шампионат во Премиерлигата.