Утрински Весник
Спорт

Тотенхем ја одби и трета понуда за Кејн

Тотенхем ја одби и трета понуда за Кејн

Раководството на Тотенхем и претседателот Даниел Леви ја одбија последната, трета понуда на Баерн за Хари Кејн.

dobivaj vesti na viber

Медиумите на Островот пренесуваат дека Баерн испратил к понуда од 100 милиони евра, но дека Леви одговорил негативно. Леви за Кејн бара 139 милиони евра.

По ова Баерн најави дека во наредните денови ќе има итен состанок за да се утврдат понатамошните чекори во преодниот рок. Како што сега стојат работите Кејн ќе остане во редовите на Тотенхем и ќе ја одработи последната година од договорот.

Леви бара 139 милиони евра за Кејн, додека Баерн е решен да не плати повеќе од 100.

Што се однесува до Кејн, тој му кажа на раководството дека ќе остане во клубот доколку неговиот статус не биде решен пред почетокот на сезоната и натпреварот со Брентфорд следниот викенд.

Тој постигна четири гола на последниот тест, натпреварот против Шахтјор (5:1).

Можете да прочитате

Ла Лига со критики за Винисиус

Македонија вечерва против Турција на ЕП

Оклахома поуспешна од Лејкерс за четврта победа во низа