Утрински Весник
Македонија

Тошковски во посета на отсекот за персонализација на лични документи

6 scaled.jpg

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денешниот работен ден го започна со посета на Отсекот за персонализација на лични документи во рамките на Оддел за информатика и телекомуникации на МВР каде се изработуваат личните документи.

Од страна на раководството и вработените во оваа организациска единица беше запознаен со комплетниот процес на изработка на личните документи и се разговараше за преземање на определени мерки и активности насочени кон подобрување на овој процес и зголемување на капацитетот на изработка и испорака на документите.

Министерот Тошковски изразува благодарност кон овие луѓе кои и покрај тоа што секојдневно се соочуваат со разни проблеми, навистина вложуваат максимални напори за овој процес да тече непрекинато и со максимален капацитет.

Можете да прочитате

Бегство по пресудата за 16 загинати во Ласкарци – Мифтари исчезна од очите на полицијата

Штета од 473.000 евра: Пет лица осомничени за злоупотреба во „Агро берза“ за отпис на пченица и јачмен

За кратко ќе се знае цената на струјата што ЕСМ ќе ја понуди на тендер, вели Мицкоски