Утрински Весник
Македонија

Тошковски: Стабилна безбедносна состојба во Дебар – ГП „Блато” станува мост на поврзување со Албанија

2.jpg

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска оствари работна посета на ОВР Дебар при што го посети и Граничниот премин „Блато” кој се наоѓа во близината на Дебар.

Министерот Тошковски со раководството на ОВР Дебар беше информиран дека безбедносната состојба во целиот регион е стабилна со значително подобрени резултати во справувањето со насилниот криминал, имотните деликти и унапредување на сообраќајната безбедност. На средбата раководството го информираше министерот дека веќе активно се преземаат оперативни активности во насока на обезбедување мирен, безбеден и демократски изборен процес.


„Што се однесува до Граничниот премин „Блато” евидентиран е значително поголем број на патници од минатата и претходните години. Преминот станува вистинска мост на поврзување за граѓаните кои одат на одмор во соседна Албанија и туристите кои доаѓаат на одмор, бањско лекување, викенд престој, роднинските посети, домашни веселби, како и шопинг. Со тоа, нашата соработка со албанските колеги е насочена кон имплементација на системот „One Stop”, кој преку дополнителни инфраструктурни решенија ќе обезбеди трајно намалување на гужвите и поефикасен проток на патници и возила како во текот на целата година а посебно за периодите на зголемен туристички сообраќај”, истакна министерот Тошковски.

Можете да прочитате

Мицкоски: После локалните избори ќе предложиме резолуција која ќе ги штити македонските национални интереси

Преку ЕУ проект се иницира повторно искористување на отпадот од депонијата на фосфогипс од поранешната Хемиска индустрија Велес

Сиљановска – Давкова во ОН: Сакаме да се интегрираме во ЕУ, но без дополнителни услови и со зачувано национално достоинство