Утрински Весник
Македонија

Тошковски: Се постапува по случаи со дивоградби – резултатите ќе бидат видливи наскоро

509749467 122239704698197509 3787900690985329398 n.jpg
Dik 300x250 mk

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, на денешната прес-конференција во Владата, информираше дека Министерството активно постапува по случаи поврзани со дивоградби, нагласувајќи дека за некои од нив веќе има издадена наредба од јавен обвинител.

„Да, има наредба од страна на јавен обвинител и се постапува. Ве уверувам дека како и за сите предмети за кои се постапувало под ова раководство, така и во иднина, нема да оставиме под знак прашалник ниеден конкретен предмет во интерес на јавноста“, рече Тошковски, одговарајќи на новинарско прашање.


Министерот нагласи дека, за разлика од претходните раководства, сега Министерството води неселективна и бескомпромисна борба против сите кои се огрешиле пред законот. Посочи дека се постапува и против високи функционери, судии, директори и градоначалници – како актуелни, така и поранешни.

„МВР покажува дека може да има неселективна борба против секој кој ќе го прекрши законот. Народот ја гледа разликата, ја чувствува – ние не сме европјани само декларативно, тоа го покажуваме со дела“, подвлече Тошковски.

Во врска со можен конкретен случај на дивоградба во скопската општина Чаир, министерот изјави дека нема конкретни информации, но увери дека надлежните постапуваат и резултатите ќе бидат објавени во најскоро време.

Можете да прочитате

ВМРО-ДПМНЕ води со 21 мандат, ВЛЕН 4, СДСМ 3 – 19.258 ливчиња неважечки

Кичево слави: ВМРО-ДПМНЕ ја освојува општината по повеќе од 15 години

Костадинов: СДСМ мора да помине низ сериозен филтер и реформи