Утрински Весник
Македонија

Тошковски сака да биде Груевски? Се спрема невидена партизација на МВР

Policija blokirana ulica 1 bg resize.jpg

За власта модернизација, за експертската јавност и полициските синдикалци, враќање неколку чекори назад и влошување на условите за работа на полицијата, вака се оценуваат предлог измените на Законот за полиција и Законот за внатрешни работи, кои се во собраниска процедура.

Една од најскандалозните измени во Законот за полиција е бришењето на членот 19.


„На полициски службеник на кого со правосилна одлука му е забрането да врши определени работи од работниот однос или ако му е изречена заштитна или безбедносна мерка, поради која не може да врши работи подолго од шест месеца или ќе мора заради издржување на казна затвор да отсуствува од работа повеќе од шест месеца, му престанува работниот однос во Полицијата со денот на врачувањето на правосилната пресуда. Решението за престанок на работниот однос според ставот 1 на овој член го донесува министерот“ пишува во членот во сегашната верзија.

Со бришењето на овој член, фактички се брише и санкционирањето, односно тоа во реалноста би можело да значи дека и доколку некој полициски службеник е правосилно осуден за кривично дело, тој да може да се врати на работа по издржување на казната.

Со измените на Законот за внатрени работи пак, се намалуваат работни места како заменик командир и заменик началник, додека пак, нејверојатно поради слаб интерес кај граѓаните во последната година, границата за вработување во полицијата од 25 се зголемува на 30 години возраст.

Понатаму, во член 4 од Законот за полиција се бришат критериумите за минимум 6 години искуство и 4 години раководна позиција за началник на СВР. Тоа значи дека например, началник на СВР може да стане и човек кој вчера положил приправнички испит и се вработил во МВР, без претходно да има какво било раководно искуство.

Опозицијата, експертската јавност како и дел од синдикалците во МВР се противат на овие измени на Законот за полиција и Законот за вантрешни работи.

Опозициската СДСМ со недели алармира дека вака смислените измени имаат само една цел – партизација на полицијата и потсетуваат дека полицијата со години беше злоупотребувана од страна на Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ.

„Овој предлог-закон не е ништо друго освен брутален обид за партизирање на полицијата и претворање на Министерството за внатрешни работи во партиска милиција под команда на Тошковски. Директен напад врз безбедносниот систем, врз институциите, врз граѓаните.

Се руши професионалноста, се укинуваат критериумите за образование и искуство, се отвора вратата за вдомување на партиски војници. Се урива системот на кариерно напредување, се бришат податоци, се амнестираат осудени и сомнителни кадри. Ова не е реформа, ова е реставрација на груевизмот преку Панче Тошковски.

Класичен режимски план за создавање на параполициски апарат, алатка за притисок, закани и политички прогон. План за враќање на времето на „МВРО” и апсолутна партиска контрола, кога полицијата беше во функција на партијата, а не на граѓаните. Тошковски свесно ја уништува полицијата, во време кога државата се соочува со сериозни безбедносни предизвици“ порача на денешната прес-конференција пратеникот на СДСМ, Миле Талески.

Можете да прочитате

Вработени во Министерството за економија си носат вентилатори од дома, климата не е во функција

Уставниот судија Осман Кадриу смета дека кандидатите за Стразбур ги исполнуваат условите

МВР: Не е точно дека полицаец нема да биде избркан од работа ако е осуден