Утрински Весник
Македонија

Тошковски: Разбиена мрежа поврзана со транспорт на дрога

Pance Toskovski 6 1024x580 1.jpg

Истрагата за петте тони марихуана откриени во Србија влегува во судска фаза, откако десет лица се приведени и изведени пред судија на претходна постапка. За дел од осомничените е определена мерка притвор, додека постапката продолжува во надлежното обвинителство.

Според информациите, осомничените се товарат дека учествувале во транспортот на марихуаната од Македонија кон Србија. Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во интервју за ТВ21 изјави дека во текот на денот ќе започне поднесување кривична пријава до Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција.

„Во текот на денешниот ден ќе се отпочне со поднесување кривична пријава до ОЈО за гонење организиран криминал и корупција, која опфаќа 10 лица. Од нив двајца се веќе во притвор. Овие лица се директно или индиректно поврзани со произведена дрога и постојат основани сомненија дека се поврзани со транспортот на дрогата која беше запленета во Србија“, изјави Тошковски.

Надлежните институции продолжуваат со истрагата со цел да се утврдат сите околности поврзани со случајот, како и евентуалната вмешаност на други лица во организираниот криминален синџир.

Можете да прочитате

Мицкоски: Нема предвремени парламентарни избори, владината реконструкција најдоцна до јуни

Мицкоски: На листата на Владата за државен обвинител се тројца кандидати, Ленче Ристоска не е меѓу нив

СДСМ: Доста се наслови за жолт печат, најголемиот нарко скандал од 5 тони дрога води до ВМРО-ОКГ и Мицкоски