Патувањето на собранискиот спикер Гаши и неговото семејство на свадба во Косово било уредно најавено два дена претходно, но нивниот излез од граничниот премин Блаце не бил евиденитран во системот за контрола на патници и возила.
Ова како што објави министерот Тошковски, го покажале интензивните проверки на камерите на Блаце и системот за контрола на патници. Во колоната имало шест автомобили, меѓу нив и две кои воопшто не биле пријавени и незаконски ја минале границата. Само две минути биле потребни сите да ја минат границата.
-Во известувањето покрај претседателот на Собрание, опфатени се и членовите на неговото семејство, членови на обезбедувањето и три полициски службени возила. Граничниот премин на 18.08.2024г. во период од 18:40 часот до 18:42 часот го поминале шест возила под полициска придружба од кои три полициски и едно ВИП возило. – Панче Тошковски
Освен што двете возила го искористиле повластениот статус во колоната на Гаши и заминале во Косово, не била ниту целосно запазена процедурата на евидентирање на сите лица и патници. Тошковски најави дека за утврдените пропусти, мвр ќе бара одговорност од раководителот на смена на граничниот премин.
-Со извршените контроли во Системот за контрола на патници и возила утврдено е дека носителот на делегацијата, како и членовите на неговото семејство кои биле најавени дека ќе остварат излез, не се евидентирани во системот за контрола на патници и возила. – Панче Тошковски
По сооппштението на Тошковски, реагираа од СДСМ. Велат со неговото признание се потврдува дека била направена тешка злоупотреба и биле „пропуштени приватни лица и возила без контрола.
-Никој нема одговор на прашањето кој се ја поминал границата и што носеле во приватните возила. Овој скандал, не само што потврдува дека безбедноста на границите е нарушена, туку јасно го открива своеволието на Владата на ВМРО-ДПМНЕ и ВЛЕН. Но, ова е пред се голем срам за државата и граѓаните.-СДСМ
Пред два дена, од Кабинет на Гаши соопштија дека неговата Посета била целосно транспарентна и согласно сите процедури.