Утрински Весник
Македонија

Тошковски од Вашингтон: Стратешкиот дијалог со САД носи конкретни резултати за безбедноста 

Pance Toskovski.jpg

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски учествува во Стратешки дијалог Македонија – САД, кој се одржува во Вашингтон, каде што се одржува втората сесија од овој важен билатерален процес.

Стратешкиот дијалог претставува значајна платформа за продлабочување на соработката меѓу Северна Македонија и Соединетите Американски Држави, со фокус на безбедноста, владеењето на правото и институционалниот развој.


Во рамки на дијалогот, Министерството за внатрешни работи става силен акцент на зајакнување на граничната безбедност, борбата против организираниот криминал, нелегалната миграција и трговијата со дрога, како и унапредување на разузнавачката соработка со партнерските служби.

„Стратешкиот дијалог со Соединетите Американски Држави е важен процес што носи конкретни резултати за безбедноста на нашите граѓани. Преку ова партнерство обезбедуваме посигурни граници, поефикасна борба против криминалот и модерни, отпорни институции”, истакна министерот Тошковски.

Особено значајна е поддршката од страна на САД во износ од над 3,5 милиони долари, наменета за јакнење на капацитетите на Министерството за внатрешни работи, што претставува директна инвестиција во безбедноста на државата.

Паралелно, се работи и на унапредување на сајбер безбедноста преку техничка поддршка, обуки и модернизација на системите, со цел поефикасна заштита на институциите и критичната инфраструктура.

Соединетите Американски Држави остануваат најважен стратешки партнер на државата и силен сојузник во зајакнувањето на безбедноста, стабилноста и демократските капацитети.

Можете да прочитате

Кузмановска: Најголем предизвик не е медицината, туку одлуката за донирање органи

Клековски: Злоупотреби на боледувања во МВР, одбрана, царина и здравство – Во една здравствена установа 20% од вработените на боледување!

Муцунски ја предводи владината делегација која учествува на втората сесија на Стратешкиот дијалог меѓу двете земји