Утрински Весник
Македонија

Тошковски од Приштина: Евалуација на функционирањето на One Stop Shop системот, следна фаза имплементација на граничниот премин Јажинце

1 37.jpg

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денес беше во работна посета на Приштина на покана на неговиот косовски колега, министерот Џелал Свечла.

„Средбата беше за евалуација на имплементацијата на One Stop Shop системот кој официјално беше пуштен минатата недела на граничниот премин „Блаце-Елез Хан” како и за усогласување на идните чекори за дополнително зајакнување на прекуграничното поврзување. Следната фаза на оваа соработка е имплементација на системот и на граничниот премин „Јажинце-Глобочица” кој треба да се реализира во следниот период. One Stop Shop системот за патниците значи една проверка наместо две, пократко чекање и подобро искуство, а за службите – поефикасна работа, подобра координација и посилна борба против незаконски активности а за нашите две држави тоа е ново поглавје на поврзаност  со побрз транспорт, повеќе трговија, туризам и пријателство”, потенцираше министерот Тошковски.


На средбата се разгледа и тековната соработка на двете министерства и полиции и можноста за нејзино унапредување во делот на размената на информации и борба со криминалот кој не познава граници.

Можете да прочитате

Искршена камера кај домот на Вања, уништена е во вторникот вечерта

Таравари не остварил средба, но телефонски разговарал со Ахмети

Казна до 10 илјади евра за непочитување на обврската за објавување на цените на веб-страниците