Утрински Весник
Македонија

Тошковски: Нова канцеларија на Управни служби на МВР во Жеровјане, шеста по ред, ги приближуваме услугите до граѓаните

3 2.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски заедно со дел од раководството на министерството денеска во Полициското одделение во Жеровјане пушти во употреба нова канцеларија на Управни служби на МВР која ќе ги опслужува жителите на Општините Брвеница и Боговиње.

„Денеска се наоѓаме во рамки на Полициско одделение Жеровјане, во кое отвораме нова канцеларија ја управни служби при Министерството за внатрешни работи. Овие управни служби ќе ги доближат услугите на МВР до сите граѓани коишто живеат во рамки на Општина Брвеница и Општина Боговиње. Зборуваме за околу четириесеттина илјади граѓани коишто ќе можат сите оние потреби како што се вадење на лична карта, пасош и возачка дозвола и сите останати услуги да си ги остварат многу поблизу до местото на живеење и своите домови. Ова е шеста новоотворена канцеларија и продолжуваме да го остваруваме она што сме го велите на нашите граѓани а тоа е приближување на услугите на МВР до секој еден македонски граѓанин. Отпочнавме со Јегуновце, продолживме со Липково, следуваа Сарај и Демир Капија и Желино и еве сега во Желино, продолжуваме со доближување на услугите до граѓаните. Продолжуваме и понатаму, не застануваме тука и верувам дека на секој еден македонски граѓанин во иднина да ги доближиме нашите услуги.”, потенцираше министерот Тошковски.


Можете да прочитате

Постуден јануари со можни снежни бранови низ регионот

Пијан таксист вечерва прегазил млада девојка во Кисела Вода

Експлозија на електричен бојлер повреди маж во Свети Николе