Утрински Весник
Македонија

Тошковски на ручек со семејствата на загинатите бранители

31135.jpg

Министерот за внатрешни работи денес го посети зимското одморалиште на МВР на Пониква. Таму традиционално во овој период престојуваат децата и семејствата на загинатите бранители.

Тошковски имаше заеднички ручек со присутните. Тој истакна дека државата има морална и институционална обврска кон овие семејства.

„Жртвата што ја дале нивните најблиски е најголемата можна жртва, затоа што тие ги загубиле своите татковци,сопрузи, синови во одбрана на татковината. Таа жртва не смее и нема да биде заборавена“, порача министерот.

Тој додаде дека грижата за нив претставува аманет и трајна обврска на институциите, секогаш да бидат покрај нив, да им даваат поддршка и да одговараат на нивните потреби во рамките на надлежностите.

Можете да прочитате

Беџети: СМС-пораките од Собранието само на македонски јазик, албанскиот јазик не е декор

Уапсени двајца насилници, претепале 52-годишник од Охрид и му украле пари и накит

Кривична пријава за демнење во Тетово: 27-годишник следел и снимал девојка