Утрински Весник
Скопје

Тошковски: На новите камери за 24 часа во Скопје фатени над 2.000 возачи кои возеле над дозволената брзина

Kameri Na Ulitsi.png

Панче Тошковски во „Дејли Клик“ на ТВ21 откри колку возачи биле фатени во тест периодот на новите камери. Тошковски кажа дека камерите работат, и дека во тестиран период биле фатени многу возачи со брзина 30 километри на час над дозволената.

„Мислам дека е многу поважно да спасиме човечки живот. Најмал проблем дали на фотографијата ќе открие друго лице. Камерите работат, не дека не работат. Поставување на камерите е добар проект. Дај Боже да го имплементираме 3-4-5 години поназад, па ние денеска да не говориме на таа тема, ниту од криминалистички аспект ниту од сообраќаен аспект. Ако било имплементирано порано, денеска ќе зборувавме за намален криминалитет или сообраќајки“, рече Тошковски

Тој додаде:

„Од прилика некаде околу 25-30% кои треба да се постават на територија на Град Скопје се поставени, и тест анализата која беше направена во насока на констатација на сообраќајни прекршоци, и тоа само над 30 км на час поголема брзина, вкупната бројка на прекршоци беше над 2000 возачи кои возеле над дозволената брзина за 24 часа. И тоа со 20% капацитет од камерите. Замислете која ќе е вкупната бројка на дневна особа доколку бидат поставени сите камери на територија на Град Скопје, Куманово, Тетово, и ако се лови со само над 10 километри на час. Таа бројка би била над 20.000 за 24 часа“, рече Тошковски.

Можете да прочитате

Општина Ѓорче Петров: На инвеститорот којшто урна ѕид од станбена зграда ќе му биде изречена соодветна казна и ќе биде задолжен да ја санира штетата

Учениците без настава веќе три дена – глувци во основно училиште во Бутел

Искршени врати и прозори, исшкртани ѕидови – Вандализирана е новата детска градинка во Бутел 1