Утрински Весник
Македонија

Тошковски: Најдобрите студенти ќе се вработат во МВР, а професорите ќе предаваат и во средното полициско училиште

4 4.jpg

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска се обрати на одбележување на 50 години од формирањето и дејствувањето на Институтот за безбедност, одбрана и мир при Филозофскиот факултет на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

Тошковски истакна дека половина век постоење на една академска институција значи многу повеќе од бројка, тоа е сведоштво за посветеност, упорност, научна страст и континуирана мисија во образованието и формирањето на генерации стручни и одговорни личности.


„Во рамки на досегашната соработка помеѓу министерството и институтот креиравме мост помеѓу науката и институцијата во насока на реализација на конкретни проекти кои би биле од силно значење како за институтот, студентите така и институциите. Веќе сме во процес за реактивација на средното полициско училиште кое е синоним за градење на професионални полициски кадри и треба да се случи следната година и во таа насока дел од професионалниот кадар ќе биде токму од Институтот за безбедност, одбрана и мир“, потенцираше Тошковски.

Образложи дека со новиот Закон за внатрешни работи кој треба да се донесе се предвидува директно вработување на најдобрите студенти на овој факултет во рамки министерството за внатрешни работи. Со ваков пристап целта е да се мотивираат македонските студенти да ја гледаат својата иднина туку и максимално да придонесат со својата академска наобразба во правилно функционирање на безбедносните институции.

Можете да прочитате

На седмиот конкурс за наградата „Пегаз” пристигнаа 45 ракописи

Конференција „Заедно за одржлива животна средина“

СДСМ: Се случува организирано прикривање на одговорните во Кочани