Утрински Весник
Македонија

Тошковски: Македонија доби „Македонска интервентна пожарна” од 43 специјални транспортни возила за справување со пожарите

7 1.jpg

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска на полигонот Пепелиште присуствуваше на промоција на 43 специјални транспортни возила пренаменети за справување со пожари и презентација на нивната противпожарна моќ кои ќе бидат користени во гаснење на пожарите.

„Македонија добива „Македонска интервентна пожарна” од 43 специјални транспортни возила за справување со пожарите.  Се работи за 18 прилагодени моќни теренски возила Пинцгауер (дополнително се очекуваат уште 5) со резервоари од 1500 литри, 15 прилагодени оклопни транспортери БТР 80 со резервоари од 6 тони и 5 оклопни транспорти Хермелин со влечни цистерни од 2, 4, 6 и 8 тони. Сите 43 специјални возила се опремени или се во фаза на опремување со моќни водни пумпи со домет на водениот млад од 25 до 100 метри”, истакна министерот Тошковски.


Возилата се предадени на Дирекцијата за заштита и спасување а се преземени од Министерството за внатрешни работи и други институции а огромна поддршка во нивно опремување имаше и од кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев.

Пренамената на овие возила дава можност тие повторно да ја исполнуваат својата цел за што се наменети, да бидат искористени во одбрана на Македонија, во овој случај од пламените јазици на пожарите.

Можете да прочитате

Вечерва тешка сообраќајка на автопатот Тетово–Скопје

Пренасочување на сообраќајот поради пожарот во околината на Блаце, забрана за товарни возила

Пожар кај Психијатриската болница „Скопје“, ситуацијата е стабилизирана