Интегрален текст од соопштение за јавност на СДСМ:
Откако лидерот на ДУИ застана во одбрана на Груби, повеќе од јасно е дека самиот тој е добро информиран за тоа каде е Груби и има важни информации за случајот. Зошто обвинителството и Тошковски не го повикуваат Ахмети да даде изјава? Како е можно и Ахмети и Меџити да знаат каде е Груби само Тошковски да е целосно незапознаен?
Ова е класичен пример на селективност, но и огромна неспособност на Тошковски и МВР да го спроведат законот. Артан Груби треба да одговара пред законите на државата но заради неспособноста на Тошковски или пак скриен политички договор тоа не се случува.
Во меѓувреме, ВМРО-ДПМНЕ од петни жили се обидува ова фијаско да го префли на СДСМ но таквите обиди се јалови. Ниту СДСМ е виновен што Груби не одговара ниту е одговорен за неговото бегство туку за тоа е виновен само Тошковски и МВР. Во меѓувреме се обидуваат со димни бомби и нови пораки на сеење страв да ги прикријат своите неуспеси на секое поле.
Државата тоне а граѓаните се осиромашуваат заради Мицкоски и неговите политики. Инфлацијата расте, цените растат, имаат катастрофална реализација на капиталните инвестиции, а државата е заглавен во секој поглед. На ВМРО-ДПМНЕ не им останува ништо друго освен да манипулираат, напаѓаат, лажат и сеат страв меѓу граѓаните, на другите полиња секако целосно потфрлија.