Утрински Весник
Македонија

Тошковски: Груби да се врати и да покаже малку чесност кон државата која го ранела повеќе од 40 години

Pance Toskovski.jpg

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, денеска во Собранието на седница за пратенички прашања зборуваше за бегството на Артан Груби од земјава.

Тој рече дека засега е поднесена кривична пријава само против едно лице од ГП Долно Блаце, и дека случајот ќе се истражува, односно дали лицето намерно или случајно сторил грешка во пропуштањето на Груби, иако бил на СТОП листата.


Тошковски ги отфрли обвинувањата дека ВМРО-ДПМНЕ има договор за пуштањето на поранешниот вицепремиер.

„Од аспект на обвинувањата дека предметното лице е пуштено во договор со ВМРО-ДПМНЕ, прво така што ми текнува на една изјава на истото лице кое пред неколку години велеше: „Е од денеска сме едно со СДСМ, не велеше дека е едно со ВМРО-ДПМНЕ“. Говереше дека е чист како солза и дека ќе се врати. Јас го повикувам да покаже малку чесност и одговороност кон државата која го ранела 40 години и да се врати“, рече Тошковски.

Можете да прочитате

Лимани: Размените меѓу младите се инвестиција во иднината и клуч за задржување на младите во регионот

Стојанче ѝ се заканувал на Ивана со објавување експлицитни видеа, сведочеше сведокот Саздов пред судот 

Петрушевски: Давидовиќ – Дака му дал 300.000 евра на Заев за да добие повратна услуга, тој ги искористил парите за инженеринг на референдумот за името