Утрински Весник
Македонија

Тошковски: Граѓаните заслужуваат полиција која ќе се грижи за нивната безбедност и благосостојба

1 1 1.jpg

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски заедно со раководството на министерството и полицијата учествуваше на семинар за професионалност и оперативна независност во рамки на проектот „Промоција на интегритет и добро управување во земјите на Западен Балкан” под покровителство на Центарот за интегритет во одбранбениот сектор на Кралството Норвешка (CIDS). Главна цел е унапредување во менаџирањето на полицијата и безбедноста на граѓаните во насока на балансирање на професионализмот и оперативната независност со политичкото влијание и пристапи кои не се засновани на заслуги. Главната цел е дефинирање на стратешки комуникациски модел кој ја исполнува улогата на политички надзор на МВР врз полицијата, почитувајќи на нејзината независност.

„Секојдневно треба да се реформираме и унапредуваме со една јасна цел, градење на модерна европска полиција која ќе ја гарантира безбедноста и благосостојбата на сите свои граѓани, ќе се бори со сите видови криминал ослободена од било какви притисоци и влијанија.”, потенцираше министерот Тошковски.


Можете да прочитате

Пронајдено тело на почината жена во двор од семејна куќа во Скопје

Нападнат полицаец во Гази Баба

Турски државјанин измамен во Гостивар за 2700 евра