Утрински Весник
Македонија

Тошковски го посети Отсекот за управни работи и Оддлеението за внатрешни работи во Кочани

2.jpg

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, денеска беше во работна посета на Отсекот за управни работи Кочани и Одделението за внатрешни работи Кочани. Контатирано беше дека Отсекот за управни работи Кочани функционира одлично и процесот на издавање на лични документи е нормализиран, односно граѓаните добиваат термини во рок од еден ден.
„Што се однесува до Одделението за внатрешни работи Кочани, од страна на раководството бев информиран за позначајните безбедносни настани и беше потенцирана потребата од посериозна анализа на состојбата во делот на сообраќајните незгоди кои често се случуваат на експресниот пат од Штип кон Кочани и преземење на мерки за нивно намалување.”, истакна министерот Тошковски. Во делот за криминалитетот министерот Тошковски подвлече дека во последниот период расчистени се серија кривични дела во областа на имотните деликти кои биле извршувани од група сторители. „Од аспект на човечки ресурси и овде има недоволна пополнетост, а во однос на материјално-техничките средства и во оваа организациска единица се забележува проблемот со недоволно моторни возила неопходни за секојдневно ефикасно постапување на полицијата.”, потенцираше министерот Тошковски.

Можете да прочитате

Колку реални се попустите за „Black Friday“: Маркетинг стратегија или вистински заштеди?

Чибишев: Воздух во Скопје станува алармантен, Здравјето нема цена !

Средба на лидерот на СДСМ, Филипче со Претседателката Сиљановска-Давкова