Утрински Весник
Македонија

Тошковски: Ден на меѓународната полициска соработка – нашата полиција работи рамо до рамо со партнерските служби во регионот, Европа и пошироко

3 4.jpg

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски заедно со раководството на министерството и полицијата денеска го одбележаа 7 Септември – Меѓународниот ден на полициската соработка.
Овој ден беше воспоставен со Резолуција  на Обединетите нации во 2022 година и потсетува дека вистинска безбедност може да се обезбеди само преку заедничка работа, глобална соработка на институциите за спроведување на законот и подигнување на свеста за сериозноста на транснационалниот криминал и преку зајакнување на довербата и размената на информации меѓу службите.

Министерот Тошковски истакна дека современите закани, од организиран криминал и тероризам, преку кибер-криминал, до нелегална трговија со луѓе и дрога не познаваат граници и не можат да се надминат со изолирани напори и затоа е неопходно да се делува координирано, да градиме стабилни партнерства и да развиваме механизми што ќе овозможат навремен и ефикасен одговор.


„Македонија е посветена на оваа заедничка цел. Нашата полиција работи рамо до рамо со партнерските служби во регионот, Европа и пошироко, придонесува со размена на информации, учество во заеднички акции и заеднички анализи. Со тоа ја зајакнуваме сопствената безбедност, но и ја афирмираме улогата на државата како сигурен и кредибилен партнер на меѓународната сцена.”, потенцираше министерот Тошковски.

Министерот Тошковски на крај нагласи дека меѓународен ден на полициската соработка останува да биде потсетник дека сигурноста на граѓаните зависи од нашата подготвеност да соработуваме, да споделуваме и да дејствуваме заедно.

Можете да прочитате

Тони Зен настапуваше во затворот „Идризово“, рапуваа и затвореници

Набавени две нови возила за итната медицинска помош во Крива Паланка

Реџепи свика седница на Комисијата за надзор на АНБ за 10 септември