Утрински Весник
Македонија

Тошковски да распише потерница за Груби, бара Левица

Levica.webp.webp

Интегрален текст од соопштение за јавност на Левица:

Со бегството на Артан Груби на Косово, македонската јавност сведочи на уште една срамна епизода од долгогодишната пракса на владејачките структури – криминалците „избегани” под мистериозни околности, со амин од самите институции. Истото сценарио го видовме со Груевски, истото се повторува и денес – на власт доаѓаат нови елити, но методологијата останува иста: корупција, политички дојави и селективна правда.


Случајот на Груби не е изолиран инцидент, туку последица на системски хаос и врхушка која го користи државниот апарат како личен сервис. Како и со Груевски, дојавите доаѓаат директно од институциите кои треба да спречуваат криминал, а не да го олеснуваат. 

И наместо веднаш да се распише меѓународна потерница, Тошкоски преку медиумите го моли Груби да се врати во државата.
Случајот со Васко Ковачевски од пред само неколку дена и овој со Груби покажуваат дека наместо правда, институциите стануваат соучесници во организираниот криминал.

За нас како Левица, ова не е инцидент – ова е системско бегство на луѓе кои се дел од истата владејачка криминална мрежа. Ако МВР не може да го пронајде Груби и да го врати назад, тогаш тоа значи дека во оваа држава се штитат само привилегираните. Македонскиот народ не заборава дека и Груевски избега со дипломатска логистика – а сега и Груби ја злоупотреби истата мрежа на моќ и неказнивост.

Тошковски веднаш да објасни како Груби замина од државата и кои ќе бидат следните чекори во процесуирањето на овој криминалец. Народот не заслужува да биде заложник на оваа корумпирана елита која, како по навика, кога ќе дојде моментот за одговорност, ја бира границата – а не правдата!

Можете да прочитате

Потпишување на грант меѓу ЕБОР и АД ЕСМ за изградба на фотонапонски електрани „Битола 1“ и „Осломеј 2“

Измените на Законот за јавните набавки пред собраниската Комисија за финансирање и буџет

Сочувство од вселенскиот патријарх Вартоломеј за упокојувањето на митрополитот Тимотеј