Утрински Весник
Македонија

Тошковски: Борбата со недозволената трговија со дрога е и ќе остане еден од стратешките приоритети на МВР

505815896 122238285038197509 8900879861727403717 n.jpg

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денес учествуваше и се обрати на 16 сесија на Работната група 4 од Националната конвеција  за Европската Унија во Македонија, платформа која низ годините се етаблира како сериозен и кредибилен простор за дијалог, анализа и препораки во процесот на европската интеграција.

Темата на дешната сесија „Предизвиците и перспективите на националнте политики за дроги и психотропни супстанци” е тема која го засега секој сегмент од нашето општество.


„Во повеќе наврати досега, и во јавноста и пред институциите, јавно сум потенцирал дека борбата со недозволената трговија со дрога е и ќе остане еден од стратешките приоритети на Министерството за внатрешни работи. Не само поради нејзините последици врз младите и општественото здравје, туку и поради фактот што овој феномен претставува клучен извор на моќ и ресурси за организираните криминални групи. Денешната сесија е потврда дека оваа борба мора да биде споделена, инклузивна и стратешки насочена.”, потенцираше министерот Тошковски.

Министерот Тошковски нагласи дека МВР како институција е на првата борбена линија во спречувањето на недозволената трговија со дрога и е секојдневно сведок на трансформациите и предизвиците кои ги носи овој феомен, од порастот на синтетичките супстанци и нивната достапност, до поврзаноста со организираниот крминал и транснационални мрежи.

„Но, токму затоа е важно да истакнеме дека борбата против дрогата не се води само со апсења и заплени. Таа се води и со податоци, со научно утврдени политики, со превенција во училиштата, со програми за третман и социјална поддршка, со меѓусебна доверба меѓу институциите, и со постојана комуникација со граѓаните и заедницата.”, потенцираше на крај министерот Тошковски.

Можете да прочитате

АД „Д-р Пановски“ демантираат дека примиле пресуда од Управниот суд

Уапсени полициски службеници од Кочани за трагедијата во “Пулс”

Мицкоски: Груби кукавички избега, имаме индиции дека се наоѓаат во регионот, мора да се соочат со правдата