Утрински Весник
Македонија

Тошковски-Бомгартнер: Знаеме што сакаме, имаме искуство и желба со чесно и посветено работење да ги постигнеме европските вредности дома

2 2.jpg

Mинистерот за внатрешни работи Панче Тошковски оствари работна средба со амбасадорот на Француската Република, Н.Е. Сирил Бомгартнер. На средбата, министерот Тошковски имаше можност да ја презентира програмските цели на новата Влада и приоритетите дефинирани во Министерството за внатрешни работи, меѓу кои бескомпромисната борба со организираниот криминал и корупција, планот за реорганизација на управните служби и новата систематизација на работните места, промената на системот за обука, со акцент на континуираните обуки, дигитализацијата на министерството и процесите.

„Точно знаеме што сакаме, имаме искуство и желба со чесно и посветено работење да ги постигнеме европските вредности дома”, потенцираше министерот Тошковски на средбата. Амбасадорот Бомгартнер ја изрази својата увереност во јасните идеи за перспективите на државата, потенцирајќи ја важноста на безбедносните прашања и безбедноста како фундаментално право. Неговата Екселенција даде силна поддршка во делот за сите потребни обуки на полициските службеници, потсети дека десет француски полициски службеници веќе учествуваат во операцијата на Фронтекс и се грижат за безбедноста на нашата јужна граница и изрази уверување дека взаемната соработка и поддршката ќе продолжат и само ќе се интензивираат.

Можете да прочитате

Полициските хеликоптери исфрлија над 50 тони вода врз пожарите во Малино и Немањица

ВИДЕО: Евакуација на жителите на Немањици

Едно лице загина во пожарот кај кумановско Кокошиње