Утрински Весник
Македонија

Тошковски: ,,Безбеден град” ќе има отстапки како кај полициските радари

Safe City Kameri Bezbeden Grad.jpg

Проектот ,,Безбеден град” ќе има исти отстапки како оние што се применуваат кај полициските радари. Ова го потврди министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, за ,,Топ Тема” на Телма ТВ.

Според министерот, за брзини до 100 км/ч ќе важи толеранција од 6 км/ч, за брзини над 100 км/ч – 8 км/ч, а за брзини над 200 км/ч – 12 км/ч.

Тошковски нагласи дека овие толеранции се однесуваат само на сообраќајни прекршоци. Толеранција нема да има во случаи на кривични дела поврзани со сообраќајот.

Можете да прочитате

Пожар вечерва пред поликлиника во Аеродром

Локализиран пожарот на депонијата „Алинци“, се подготвуваат долгорочни решенија и засилен надзор

Директор фатен со мито од 50.000 евра – вечерва приведен во акција на МВР