Утрински Весник
Македонија

Тошковски: Апсењето во Струмица било филмско, планирале дрогата да ја изнесат од Македонија

Dileri dileri droga strumica strumica apsenje.jpg

Три лица вчера беа уапсени во Струмица, а автомобилот бил полн со дрога. Според полицијата постоел план за нејзино изнесување од Македонија.

„СВР Струмица разби меѓународен канал за трговија со дрога и запленија 100 килограми марихуана која беше превезувана, а целта беше да се извлече надвор од Македонија. Македонските граѓани можат да видат темелна дрога против нелегалната трговија со дрога“, рече министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.


Тој кажа дека „апсењето било филмско, на криминалците што ја транспортирале дрогата“.

„Информиран сум од началникот на СВР Струмица, дека ќе даде предлог за наградување на полицајците, а јас ќе прифатам и соодветно ќе ги наградиме кои што во работењето успешно ја направија акцијата“, додаде Тошковски.

Заплената е еден од најголемите удари врз нарко-пазарот во регионот во последните месеци. Возилото во кое се превезувала дрогата било лоцирано и блокирано на влез во Струмица, а при претресот било откриено дека целата количина била уредно спакувана за меѓународен транспорт. Против приведените лица ќе биде покрената кривична постапка за неовластено производство и промет со наркотични дроги.

Можете да прочитате

Левица: Полицијата на Тошковски и ДПМНЕ ја гуши тагата наместо да носи правда

ДЗС: Десет активни пожари, најтежок за гаснење во „Јасен“

За осум месеци регистрирани нови 30 000 корисници на Националниот портал за е-услуги