Утрински Весник
Свет

Торнадо го пустоши Илионис: Град со големина на бејзбол топка уништува домови, се очекува влошување на времето

Торнадо го пустоши Илионис: Град со големина на бејзбол топка уништува домови, се очекува влошување на времето
Dik 300x250 mk

Торнада и град со големина на бејзбол го погодија Илиноис. Милиони луѓе во Соединетите држави и понатаму се под временски предупредувања.

dobivaj vesti na viber

Синоптичарите изразија загриженост дека торнадото може да погоди делови од Арканзас, Оклахома и јужниот дел на Мисури и  може потенцијално да предизвика поголема штета во областите веќе погодени од смртоносните торнада и бури минатата недела каде 32 лица загинаа.

Речиси 70 милиони Американци се подготвуваат за нов наплив од силни бури. Денешните бури уследија по неколкудневните силни  торнада кои зафатија 11 држави на југот.  Лошото време се очекува да продолжи и во текот на ноќта.

„Ова можеби е ноќ што само ќе ја поминеме во подрумите за да бидеме безбедни“, го цитираше метеорологот Том Филип, CBS News.

Можете да прочитате

Трамп сака Кина да „помогне“ во односите со Русија

Силен земјотрес ја стресе Јапонија

Во ФБИ истрага уапсени и НБА играчи и тренери