Утрински Весник
Македонија

ТОПОЛ БРАН ОД АФРИКА ВО МАКЕДОНИЈА: Сепак, растат условите за попладневни врнежи и за невреме!

Meteoalarm.mk 5.png

Метео анализа на Славчо Попоски:

Под влијание на топлата воздушна маса од југ, односно со потекло од Африка, до крајот на оваа недела во нашата Македонија продолжува топлото време со вистински летни температури на воздухот, и тие на многу места ќе се искачат близу 30 степени, а на повеќе места тие ќе надминат 30 степени, додека во Повардарието тие ќе се искачат до околу 36/37 степени.


Во Скопје температурата во следните неколку денови ќе се искачува до околу 36/37 степени.

Сепак, поради фронтална долина со поладен воздух во висина, во попладневните и во вечерните часови, локално во нашата Македонија ќе дојде до дестабилизирање на атмосферата  и формирање  и развој на грмотевични конвективни облаци од кои очекувам појава на поројни врнежи од дожд, грмежи и засилен ветер во зоната на нестабилност. Поради загреаната атмосфера, исполнета со енергија, локално можни се поинтензивни атмосферски процеси во форма на невреме, проследено со пообилен пороен дожд за кратко време, силен ветер, силни електрични празнења, како и со услови за појава на град, кој во ваква ситуација би можел да биде крупен.

На следниот линк можете да ја следите алатката за рано предупредување од невреме НОТАС, и истата е од голема корист на секој граѓанин https://nothas.finki.ukim.mk/

Можете да прочитате

Онлајн закажување термин за сликање за лични документи и за македонската дијаспора, соопшти МВР

Стефан Лазаров за скандалозниот предлог данок на Мицкоски: Со вакви услови за живот само ќе ги натерате младите кои не се во брак побрзо да си заминат од Македонија

Тошковски: Акцијата во која беа откриени шест килограми амфетамин е резултат на напорите на МВР во сузбивањето на трговијата со дрога