Утрински Весник
Македонија

Топол бран од Африка во Македонија: Ни следуваат вистински летни температури и многу висок УВ индекс

2mtemp 20250531 12 120.jpg

Метео анализа на Славчо Попоски:

Пред нас е период на значително потопло време со значителен пораст на температурите на воздухот. Нашата Република Македонија во следните денови ќе биде под влијание на топол воздушен бран со потекло од Африка. Сепак, екстремно високи температури на воздухот нема да има, односно, што значи дека се работи за умерен топол Африкански бран.


Времето во следните денови ќе биде претежно стабилно, суво и сончево со појава на мала до умерена локална облачност. Можни се сосема мали исклучоци, односно повремено и локално можно е да дојде до сосема мала дестабилизација на атмосферата, со што само накратко ќе има услови за краткотраен локален пороен дожд.

И во Скопје  и околината следува период на многу потопло и стабилно и суво време, а ќе има и многу повеќе сонце.

Што се однесува до температурите, тие ќе бидат во значителен пораст, како утринските така  и максималните дневни температури на воздухот. Преку ден тие на повеќе места ќе се искачат до околу 30 степени, а  тие повремено на повеќе места ќе надминуваат и 30 степени, a во Повардарието тие ќе се искачат и до 35 степени.

Не се исклучува можноста повремено температурите во Повардарието да се искачат и за само некој степен над 35 степени.

УВ ИНДЕКСОТ ќе има умерено до многу висока вредност, и ќе изнесува вредност помеѓу 7  и 8.

Можете да прочитате

Арсовска: Град Скопје ја казни „Адријус“ за див приклучок, се чека на ОЈО и МВР

Собранието се штити од граѓаните: Нов закон забранува протести и дронови околу парламентот

Андоновски: Супер апликацијата што ја носи дигиталната иднина на Македонија!