Утрински Весник
Македонија

ТОПОЛ БРАН ОД АФРИКА ВО МАКЕДОНИЈА: Ни следува вистинско лето

Gfs 0 138.png

Метео анализа на Славчо Попоски:

Територијата на нашата Република Македонија во текот на оваа седмица ќе се наоѓа под влијание на топла воздушна маса која е со потекло од Африка. Во ваква ситуација, времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од променлив правец.


Сепак повремено, во попладневните часови ќе има услови за изолиран развој на грмотевични конвективни облаци од кои очекувам појава на краткотрајни но поројни врнежи од дожд, грмежи и засилување на ветерот во зоната на нестабилност. Не се исклучува можноста  и за појава на краткотрајно невреме. И во Скопје во текот на оваа седмица ќе биде значително топло поради влијанието на топлата воздушна маса од Африка.

Што се однесува до температурите, тие речиси насекаде ќе се искачуваат близу 30 степени, а локално тие ќе надминуваат  и 30 степени, додека во Повардарието тие повремено ќе се искачуваат и за некој степен над 35 степени, однсоно до околу 36/37 степени.

И во Скопје  и околината температурата ќе се искачува до околу 35/36 степени.

УВ индексот оваа седмица ќе има висока до многу висока вредност и ќе изнесува коефициент помеѓу 7 и 8.

Можете да прочитате

„Луке, собери си ги кучињата!“ – Арсовска во жесток судир со советниците на Град Скопје

ЈОУ Библиотека „Гоце Делчев“ – Гевгелија одбележува 80 години од озаконувањето на македонскиот правопис

Гевгелија – домаќин на Друштвото на новосадски книжевници со промоција на меѓународната антологија „Нов духовен мост“