Утрински Весник
Македонија

ТОПЛОТНИОТ АФРИКАНСКИ БРАН ПРОДОЛЖУВА: Сепак, поради преместување на атмосферски фронт, за време на викендот можно е невреме во Македонија

Sarajevoonev.jpg

Метео анализа на Славчо Попоски:

Топлотниот Африкански бран продолжува  и во следниот период во Македонија, сепак, поради преместување на поладен атмосферски фронт на висина, за време на викендот очекуваме дестабилизирање на атмосферата.

Токму ова ќе услови во Македонија да има локален развој на грмотевични облаци кои ќе предизвикаат пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе има услови и за појава на невреме, проследено со поројни врнежи од дожд, силни грмежи и електрични празнења, силен ветер како и со појава на град.

И во делови од Скопската котлина за време на викендот ќе има услови за појава на пороен дожд, грмежи, засилен ветер, а можна е  и појава на краткотрајно невреме.

Температурите нема многу да се менуваат, што значи тие насекаде ќе надминуваат 30 степени, додека во најтоплите централни и југоисточни предели од Македонија, како и во Скопската котлина тие ќе се искачуваат  и до околу 40 степени.

Можете да прочитате

Три опожарени депонии за една недела, АНБ презема засилени безбедносни активности

Тошковски: Се уште не можам да откривам кој стои зад пожарите

Анкета: 47% од граѓаните сметаат дека Македонија оди во погрешна насока