Утрински Весник
Македонија

Топлотен бран од денес до 13 август – препораки за заштита од високите температури

Toploten bran preporaki07.07.2015 625x417 1.jpg
Dik 300x250 mk

Од денеска до 13 август, според најновата прогноза од Управата за хидрометеоролошки работи се очекува значително зголемување на дневните температури, кои во одделни региони може да достигнат до 39 степени Целзиусови, поради што Министерството за здравство апелира за почитување на општите препораки за заштита на населението од високи температури.

Граѓаните да престојуваат во затворени, разладени простории, особено во периодот од 11:00 до 17:00 часот, препорачува Министерстото, како и внес на доволно течности, избегнување алкохол и засладени пијалоци.


На граѓаните им се препорачува да носат лесна, светла облека и да користат заштита за глава и очи, како и да избегнуваат физичка активност во најтоплите часови од денот.

-Посветете внимание на деца, стари лица, лица со хронични заболувања и бремени жени – овие групи се особено чувствителни на високи температури, во случај на симптоми како вртоглавица, главоболка, гадење или забрзан пулс – веднаш побарајте медицинска помош, одложете активности на отворено во најтоплиот дел од денот и обезбедете микроклиматски услови (разладени простории со температура до 25 степени Целзиусови) на работното место и во домот, препорачуваат од Министерството за здравство.

Оттаму посочуваат дека внимателно ја следат состојбата на дневна основа и дека ќе постапуваат согласно проценките и потребите.

Можете да прочитате

Филипче: Трошоците за живот растат без контрола а владата не презема ништо

Итно да се укине мерката за евтаназија на кучиња со лајшманиоза

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ сака да ја врати Македонија во времето на страв и уцени