Утрински Весник
Македонија

Томовски: Крај на „багатела“ јадењето на државна сметка – Зголемување на цените во владините ресторани

Img 1069.jpeg

Директорот на Службата за општи и заеднички работи, Ивица Томовски најави зголемување на цените на угостителските услуги во владините објекти.

Томовски вели, нема повеќе “багатела” јадење на државна сметка, како и дека во изминатиот период, јавноста често со право обрнуваше внимание на ниските и непазарни цени по кои се користеа угостителските услуги на (СОЗР) на Владата.

Во таквите дебати особено беше апострофиран собранискиот и владиниот ресторан, каде цените на услугите и производите беа значително пониски од оние на слободниот пазар достапни за граѓаните. Излегувајќи во пресрет на овие оправдани повеќегодишни забелешки, како и во функција на натамошно рационализирање, на мој предлог како директор на СОЗР, Владата вчера едногласно усвои првична одлука за зголемување на цените на угостителските услуги за 50%., информира Томовски.

Тој вели дека ваквото зголемување на цените не е прекумерно имајќи предвид дека претходно цените беа значително пониски во споредба со приватниот пазар.

Томовски најавува дека во периодот што следува, ќе се прават дополнителни анализи и секогаш кога ќе се јави потреба поради отстапувања од пазарните цени, ќе има корекции на истите.

-Важно е да се обезбеди еднаков пристап на сите услуги, но без привилегии за избраните функционери и раководниот кадар, вели директорот на СОЗР.

Можете да прочитате

Тошковски: Не може да се докаже организација за пожарите по тврдењата за хибриден напад

Меџити наредил итно затворање на нестандардната депонија за отпад во Никуштак

Три опожарени депонии за една недела, АНБ презема засилени безбедносни активности