Ќерката на Кејти Холмс се пријавува за колеџ и сака да студира мода во Њујорк, но таткото Том Круз нема да одлучува каде да аплицира бидејќи тој нема никаков удел во нејзиниот живот.
16-годишната Сури веќе испратила апликација со помош на мајка си – но, славниот татко на тинејџерката нема да може да ѝ помогне бидејќи актерот наводно нема удел во животот на своето дете.
Извор близок до Кејти (44) ексклузивно раскажува за „Дејли мејл“ дека Сури, која ќе наполни 17 години следниот месец, испратила апликации и сака да студира мода во Њујорк – избор што ќе ја направи мајка ѝ многу задоволна.
„Сури се пријавува во повеќе колеџи во разни градови. Кејти навистина сака таа да остане во Њујорк за да може да бидат блиску една до друга. Кејти се гордее со неа, но е и премногу заштитнички настроена“, вели инсајдерот додавајќи дека Кејти е преоптоварена од фактот што ќерка ѝ заминува на колеџ.
Додека Кејти презема активна улога во пријавите за факултет, таткото на тинејџерката, ѕвездата од „Невозможна мисија“, Том (60), нема да учествува во процесот бидејќи е отуѓен од својата ќерка од 2013 година, една година откако тој и Кејти се разведоа.
Во времето на нивното разделување беше објавено дека Кејти избрала да го прекине бракот поради стравувања за воспитување на ќерка си како сциентолог – религија на која Том е неверојатно посветен.
Нејзината одлука да се откаже од религијата, како и од бракот, предизвикаа голем јаз меѓу поранешните сопружници поради што врската на Том и Сури стана сè подалечна со текот на годините.
Сепак, изворот потенцира дека – иако Том нема да одлучува за тоа каде ќе се запише Сури – тој ќе ѝ ги плати трошоците за школарина во согласност со ултратајниот договор за развод од поранешната сопруга.
Според документите за развод, Том се согласил да ѝ плаќа на Кејти 400.000 долари месечно додека Сури не наполни 18 години.
„Том секогаш ги исполнува своите обврски кога станува збор за финансиските обврски кон Кејти и Сури“, открива инсајдерот.
Сепак, ѕвездата на „Невозможна мисија“ не е присутен во животот на Сури.