Утрински Весник
Магазин

Том Хенкс заработил 40 милиони долари од „Форест Гамп“ поради клаузула од договорот

Том Хенкс заработил 40 милиони долари од „Форест Гамп“ поради клаузула од договорот
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Холивудскиот актер Том Хенкс, наводно, заработил 40 милиони долари за улогата во оскаровецот „Форест Гамп“.

dobivaj vesti na viber

Хенкс ја добил оваа сума благодарение на специфична клаузула во својот договор, со која тој добивал дел од приходите од киноблагајните. Како резултат на тоа, Хенкс ја достигнал оваа неверојатна сума, со дополнителна заработка за него и за режисерот Роберт Земекис, благодарение на тоа што вложиле свои пари за да задржат некои сцени во филмот кои „Парамаунт пикчрс“ не сакал да ги финансира.

По премиерата во јули 1994 година, „Форест Гамп“ стана огромен хит. Холивудскиот блокбастер освои шест „Оскари“, меѓу кои за најдобар филм, најдобар режисер и најдобар актер во главна улога.

Стана филм со најголема заработка на „Парамаунт“, од преку 200 милиони долари.

Официјални бројки за заработката на Хенкс никогаш не беа објавени, но се верува дека актерот можел да заработи до 60 милиони долари вкупно за својата улога во филмот. Според „Бизнос инсајдер“, улогата Форест го става Хенкс на деветтото место на 20-те најплатени филмски улоги на сите времиња.

Можете да прочитате

Италија го казни Apple со скоро 100 милиони евра

Домашните миленици го подобруваат менталното здравје на сопствениците

Поларните мечки генетски се прилагодуват на потоплата клима