Том Брејди и Ирина Шајк беа забележани на тајно рандеву во одвоена просторија во ресторан во Њујорк, само неколку дена по откривањето на нивната романса.
НФЛ-ѕвездата (46) и рускиот супермодел (37) вечераа во приватна соба во „Суши Азабу“ во Трибека, изјави очевидец за „Пејџ сикс“.
Брејди, најуспешниот бек во историјата на НФЛ, прв пристигнал, а Ирина се појавила неколку минути подоцна.
„Повеќето гости не успејаа да ги забележат додека поминуваа низ ресторанот. И двајцата беа придружувани од персоналот до одвоената соба, каде што уживаа во приватна и затворена вечера“, рече инсајдерот.
„Тие беа во својот мал свет. „Очигледно, не сакаа да бидат во близина на луѓе“.
Таблоидите потсетуваат дека на нејзиниот поранешен партнер Бредли Купер, со кого има и 6-годишна ќерка, наводно му пречи новата романса бедејќи стравува дека спортистот може засекогаш да ѝ го украде срцето.
Врската беше обелоденета кон крајот на минатиот месец кога фотографите ги уловија удобно сместени во неговиот автомобил откако ја поминаа ноќта заедно.