Утрински Весник
Свет

Токсичен облак кај Барселона: Властите апелираат граѓаните да не излегуваат надвор

Barselona.jpg

Властите упатија апел до над 160.000 жители на пет општини во каталонскиот регион на Шпанија да не ги напуштаат своите домови поради токсичен облак на хлор, предизвикан од пожар во индустриско складиште.

„Доколку се наоѓате во погодената област, не го напуштајте домот или работното место“, се наведува во апелот на Цивилната заштита објавен на социјалните мрежи.


Апелот важи за жителите на крајбрежните општини меѓу Барселона и Тарагона.

Противпожарните екипи работат на гаснење на пожарот во кој нема повредени.

Пожарот избувнал рано наутро во складиште кое содржи производи за базени.

МИА

Можете да прочитате

Арагчи: Иран го разгледува американскиот план, но не преговара со Вашингтон

Чешките власти поднесоа обвинение против 32 лица за местење фудбалски натпревари

20.000 морнари се заглавени во Ормуската Теснина