Утрински Весник
Свет

„Тој беше легенда во светот на Титаник“: Во Титан загина и познат истражувач

„Тој беше легенда во светот на Титаник“: Во Титан загина и познат истражувач
Dik 300x250 mk

„RMS TITANIC Inc“, организација посветена на зачувување на сеќавањето на катастрофата на Титаник, објави пораки од пријателите и обожавателите на „вистинскиот истражувач“ Пол-Анри Наргеолет, еден од петте мажи кои загинаа во подморницата Титаник.

dobivaj vesti na viber

Познат по прекарите „ПХ“ и „Мистер Титаник“, тој се појавил во неколку документарни филмови за бродот и водел десетици експедиции до потонатиот брод.

„Тој беше легендарна личност“

„ПХ беше легендарна фигура во светот на Титаник“, пишува негова обожавателка, додавајќи: „Неговата работа инспирираше толку многу луѓе, вклучувајќи ме и мене, и ни овозможи да стекнеме нови перспективи за катастрофата“.

„Почивај во мир г-дине Наргеолет – да ги откриеш должините, широчините и длабочините што небото ги нуди. Ќе ни недостигаш“, напиша уште една обожавателка.

Свои размислувања споделија и неколку луѓе кои лично го познавале Наргеолет.

„Топлината и љубезноста со која зрачеше беа изедначени со неговата сериозност и почит кон неговата работа“, пишува неговиот пријател Ханс.

Дејвид колега од Бразил додал: „Јас сум без зборови, со скршено срце. Почивај во мир наш научник и истражувач“.

Можете да прочитате

Се запали автобус со навивачи на „Барселона“ во Бриж, нема жртви

Над 30 повредени откако бил испуштен иритирачки гас во германско училиште

СЗО ќе вакцинира 44.000 деца во Појасот Газа