Утрински Весник
Спорт

Тите ги смирува Бразилците: Нејмар ќе игра, можете да бидете сигурни во тоа

Тите ги смирува Бразилците: Нејмар ќе игра, можете да бидете сигурни во тоа
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Повредата на Нејмар ги загрижи навивачите на Бразил, а селекторот на оваа селекција Тите беше оптимист на прес-конференцијата по триумфот над Србија.

dobivaj vesti na viber

Нејмар беше расположен за игра против Србија, но често беше цел на грубите стартови на „орлите“. Поради еден таков Гудељ во 49. минута доби жолт картон, а селекторот Тите ја повлече од игра првата ѕвезда на својот тим во 79. минута, кога „кариоките“ веќе имаше позитива од два гола.

Селекторот на Бразил, Тите, ја „смири нацијата“.

„Можете да бидете сигурни дека Нејмар ќе игра во остатокот од Светското првенство“, изјави Тите.

На Нејмар му беше укажана помош на клупата, а зборуваше и докторот на тимот:

„Тоа е истегнување на десниот зглоб, директна траума. Се појави оток. Веќе почнавме со лекување. Мора да чекаме 24, можеби 48 часа. Се уште нема закажан термин за снимање. Ќе ја следиме состојбата на Нејмар“, изјави докторот Родриго Ласмар.

Можете да прочитате

Њујорк го победи Сан Антонио во финалето на НБА Купот

Дејан Манасков приведен во Охрид поради физички напад на противнички тренер

Наполи поразен во Удине – 24info.mk