Утрински Весник
Свет

Тинејџер со нож ги нападнал соучениците во училиште во Германија: повредени неколку лица

Germanija Policija 1.jpg

Во Вупертал во германската покраина Северна Рајна Вестфалија утрово се случи напад во училиште.

Според германските медиуми, како што пренесува франкфуртскиот магазин „Феникс“, во нападот се повредени неколку лица, а напаѓачот наводно е тинејџер.

Се наведува дека во моментов има голема полициска акција во која специјалната полициска единица учествува во училиштето во Вупертал.

Заднината на злосторството е нејасна, а осомничениот напаѓач е застрелан, јавуваат германските медиуми.

Се наведува дека во гимназијата „Вилхелм-Дерпфелд“ тинејџер наводно со нож ги нападнал соучениците, при што четири лица се повредени.

Наводно, има и тешко повредени, а меѓу повредените е и осомничениот напаѓач.

Ученикот конечно бил совладан околу 10.20 часот.

На терен се бројни патролни возила, специјални единици, како и противпожарни и спасувачки служби.

Можете да прочитате

Блинкен се сретна со својот кинески колега Ванг Ји во Лаос

Евакуирана железничката станица Сен-Шарл во Марсеј поради оставен багаж

ЕЕБ: Со правилни одлуки во Европа може да има и доволно храна и енергија и обновена природа