Утрински Весник
Свет

Тинејџер пукал во две училишта во Бразил, има мртви

Тинејџер пукал во две училишта во Бразил, има мртви

Три лица загинаа, а осум се повредени кога тинејџер од бразилскиот град Аракруз во државата Еспирито Санто отвори оган врз две училишта.

dobivaj vesti na viber

Локалната полиција соопшти дека нападите се случиле околу 10 часот по локално време, а сторителот бил тинејџер во воена униформа, пренесува „Ројтерс“.

Се трага по убиецот, а официјално сѐ уште не е потврдена информацијата дека сторителот е ученик во едно од нападнатите училишта.

Гувернерот на државата Еспирито Санто, Ренато Казагранде, изрази сочувство до семејствата на жртвите и рече дека сите расположливи сили се вклучени во истрагата.

Бразилскиот претседател Лула да Силва, кој тесно го победи Жаир Болсонаро на изборите на крајот на октомври, овој чин го нарече „апсурдна трагедија“.

Можете да прочитате

Трамп: Путин ме разочара – 24info.mk

Зеленски: Ослободивме 160 квадратни километри и седум населени места во Доњецкиот регион

Два украински дрона нападнале голем руски петрохемиски комплекс