Утрински Весник
Свет

Тинејџер откако бил претепан пред училиште во Франција доживеал срцев удар по што починал

France Police 830x0 1.jpg

Момче на 15-годишна возраст е тешко претепано во близина на своето училиште во градот Вири Шатијон на југот на Франција, по што е пренесено во болница поради срцев удар каде починал во соопштија властите. Според локалните медиуми, тинејџерот бил нападнат од неколку лица додека го напуштал училиштето, пренесува Гардијан. Јавното обвинителство соопшти дека отворило истрага за убиството на момчето, а локалните власти соопштија дека на учениците и наставниците ќе им биде укажана психолошка помош. Тоа е еден од најновите насилни инциденти во француските училишта, откако една тинејџерка беше оставена привремено во кома откако беше претепана пред своето училиште претходно оваа недела. Поради овој случај уапсени се тројца осомничени, а едно од нив е девојче од училиштето во кое учел нападнатиот тинејџер.

Можете да прочитате

Два брода со мигранти се превртеа кај Мадагаскар, 25 лица загинаа

Обилни снежни врнежи во Турција – затворени училишта и спасени стотици граѓани

Хамнеи: Смртна казна за израелските лидери, не само апсење