Утрински Весник
Свет

Тинејџер од Македонија повторно осомничен за терористички планови во Австрија

Avstriskata policzija.webp.webp
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Двајца тинејџери, еден со потекло од Македонија и еден од Чеченија, кои летото 2023 година беа осудени во регионалниот суд во Леобен за планирање напад врз средно училиште, повторно се во притвор под сомнение за тероризам, јавува австрискиот портал Хојте.

платено политичко рекламирање

Првично, тие беа осудени на делумно условни казни од 15 и 16 години за намери да воспостават калифат во Австрија и целено убивање христијани. Едниот, кој сега има 17 години, беше ослободен предвреме по отслужување на две третини од казната, а судот го следеше преку мерки за дерадикализација и психотерапија.


Сепак, обвинителството наведува дека тој повторно покажал знаци на радикализација, вклучувајќи планирање крвопролевање со автоматска пушка и обид да обезбеди финансии за купување оружје. Тинејџерот досега одбивал да соработува со властите, јавува Кроне.

Неговиот соучесник, кој има 18 години, беше уапсен на границата со Македонија кон крајот на август додека се враќал од својата татковина. И тој е обвинет за нови, сериозни планови за напади, вклучувајќи и употреба на бомби, и повторно е во затвор по суспендираната казна од првото судење.

Можете да прочитате

Руски хакери се пофалија дека ја нападнале француската пошта

Тројца загинати по експлозија во Москва

Папата Лав XIV повика на божиќно примирје низ целиот свет