Утрински Весник
Свет

Тинејџер извлечен од урнатините по четири дена: „Ја пиев сопствената урина, тоа ме спаси“

Тинејџер извлечен од урнатините по четири дена: „Ја пиев сопствената урина, тоа ме спаси“

Тинејџер рано изутринава неповреден е извлечен од урнатините на зграда во турскиот град Газиантеп, четири дена по катастрофалниот земјотрес.

dobivaj vesti na viber

Пред зори во Газиантеп, во близина на епицентарот на земјотресот, спасувачите го извлекоа Аднан Мухамед Коркут од подрумот каде што беше заробен од понеделникот.

17-годишникот се насмевна на толпата пријатели и роднини кои го скандираа неговото име, ракоплескаа и плачеа додека го носеа и го ставаа на носилки.

„Фала му на Бога што ме спасија“, рече тој, гушкајќи ја мајка си и другите кои се наведнаа да го бакнат и прегрнат.

„Ви благодарам на сите“, рече тој. Тинејџерот рекол дека бил принуден да ја пие сопствената урина за да ја задоволи жедта. „Така успеав да преживеам“, рече тој.

„Имам син како тебе“, му рекол спасувачот, идентификуван само како Јасемин, откако го прегрнал.

„Ви се колнам, не спиев четири дена. Се колнам дека не спиев, се обидував да те извлечам“, додал спасувачот, пренесе Индекс.хр.

Можете да прочитате

Германија планира брзо проширување на бункерите поради страв од руски напад

Трамп го предупреди Маск: Финансирањето на демократи ќе има сериозни последици

Во Британија оваа пролет е најтолпа и најсушна во последните 50 години